Кањон Матка
Хотел и Ресторант
Ресторанот Матка сместен на самиот брег на езерото Матка нуди посебно задоволство. Уреден во рустикален стил, со 80 места за седење во внатрешниот дел, со прекрасен амбиент и мирис на домашна кујна, е мерак за секој посетител кој има желба да проба нешто автентично за ова поднебје.
Во летните денови тераса со прекрасен поглед на природните убавини, која со еден дел влегува во прекрасното езеро, а со тоа и Вашето уживање го прави вистинско доживување. Капацитетот на терасата е 400 места за седење
и е совршено место за приватни и деловни собирања.
Сместен над ресторанот се наоѓа и Хотел МАТКА, за оние посетители кои сакаат да се задржат малку подолго и ноќта да ја поминат во природа, чист воздух, заспивајќи и будејќи се на звукот кој го создава езерото претекувајќи преку карпите, далеку од метежот и градската врева.
Објектот располага со 5 комфорни соби, удобно наместени, чисти и уредни, категоризирани во висока А категорија. Собите располагаат со туш кабина, тоалет, LCD TV со сателитски канали, брза безжична интернет конекција 24/7 (без дополнителен надомест). Хотелот располага и со 1 кралски апартман со отворено јакузи, тоалет, LCD TV со сателитски канали, брза безжична интернет конекција 24/7 (без дополнителен надомест), мини бар и сите удобности кои еден апартман од таков вид ги нуди.