Кањон Матка
Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) — манастир во кањонот Матка веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 км од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Неговиот патронен празник, меѓу народот познат како „Голема Богородица“, се одржува секоја година на 28 август.
Црквата Свети Спас е православна христијанска црква која се наоѓа во кањонот Матка високо над левиот брег на реката Треска во непосредна близина на селото Горна Матка. Црквата се наоѓа на зарамнето планинско плато точно над браната и хидроцентралата Матка, во месноста Петров Камен под Марков Град, на 1 час пешачење од манастирот Успение на Пресвета Богородица и во непосредна близина под разрушената средновековна црква Света Недела. До црквата води и широк земјен пат од селото Горна Матка.
Манастирот Свети Никола Шишевски е македонски православен христијански средновековен манастир во близината на селото Шишево, високо над карпите во кањонот Матка од десната страна на рекатаТреска.
Цркви и Манастири
Поради големиот број на цркви и манастири, Матка го носи и името Света Гора. Денес постојат повеќето цркви од средновековниот период, поголемиот дел се зачувани во целост, а некои се во рушевини или постојат само нивни темели. Во кањонот Матка постојат следниве цркви и манастири:
Манастир Св. Андреја — манастир езерото Матка, на 17 км од Скопје, во клисурата на реката Треска. Скриен е меѓу стрмните и високи карпи и претставува еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја. Посветен е на Апостол Андреја.