top of page

Св. Андреја (Брана)

 

Свети Андреја e лачна бетонска брана и таа претставува прва брана изградена во Македонија, односно изградена e во 1938 година. Лоцирана е на излезот на реката Треска од тесната клисура, блиску доСкопје. Таа е функционално и естетски одлично е вклопена во теренот и е проектирана од страна на архитектот Миладин Пеќинар. Градежните работи поврзани со нејзината изградба целосно завршиле во1938 година кога всушност бил изграден патот кој денес води од браната до манастирската црква Св.Андреја и планинарскиот дом. Дотогаш патот до Св.Андреја бил исклучително тежок и тешко достапен. Висока е 29,5 m, долга 64 m, со волумен од 3.000 m³. Конструирана е со 10 хоризонтални лака, со челен прелив со тунелски одвод во десниот брег. Наменета е за производство на електрична енергија, односно за акумулирање на водите, кои потоа поминуваат низ турбините на ХЕ Матка и ХЕ Св. Петка. Бтаната е единствена ваква во светот. Таа е во облик на лак, а прстените во неа се независни еден од друг така што ако тие пукнат не може да се случи хаварија. Св. Андреја е училиштен тип централа бидејќи во неа се е видливо, до работното коло, за разлика од поновите брани, во кои сите делови се блиндирани. Браната намерно не е повисока од 30 метри за да не се случи ако надојдат водите, да се поплави Андреашкиот манастир.

Браната преживеала две поплави. Првата, која шест месеци ја блокирала нејзината работа, била во 1962 година. Езерото тогаш било блокирано од нанос на дрва. По втората поплава, која се случила во1979 година, вработените успеале за седум дена да го средат хаосот и да ја стават браната во функција.

bottom of page