top of page
Кањон Матка
Матка (Езеро)
Матка — најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Добиено е со преградување на реката Треска со брана („Св. Андреја“), и создавање на вештачка акумулација во кањонот Матка.
Од Езерото водата се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината. Езерото е порибено и често пати се користи и за спортски риболов. Во ова езеро се наоѓа и подводната пештера Врело, една од најдлабоките подводни пештери во Европа, која има длабочина повеќе од 203 m.
bottom of page